Гери Кејхил објави дека заминува во пензија

Поранешниот англиски репрезентативец, Гери Кејхил денеска објави дека заминува во играчка пензија. Кејхил кариерата ја почна во Астон Вила во 2004 година каде беше се до 2008.

Потоа потпиша за Болтон во кој прикажа одлични партии кои му донесоа потпис во Челси. Во двекратниот европски шампион помина дури седум сезони во кои успеа да стигне до сите големи трофеи.

За репрезентацијата на Англија запиша 61 настап на кој постигна пет гола.

Се вчитува...