Германецот Сергеј осуден на 14 години затвор за бомбашкиот напад во Дортмунд

Германскиот суд денеска го осуди Германецот со руско потекло, Сергеј В., на 14-годишна затворска казна поради организација и изавршување на бомбашки напад врз автобусот во кој се превезуваа фудбалерите на Борусија Дортмунд.

Против него беше покрената постапка за 28 обиди за убиство, одделно за секое лице што беше присутно во автобусот во моментот на бомбашкиот напад. Нападот што долго време беше опишуван како терористичка акција се случи на 11 април 2017 година, пред домашниот натпревар на Борусија Дортмунд со Монако, кога во експлозија во непосредна близина на автобусот повредени беа неколку играчи, а најлошо од сите мина Марк Бартра, кој поради поведите на раката мораше уште неколку месеци да паузира од терените.

Теоријата за терористички напад набрзо падна во вода, а германските власти го издвоија Сергеј В. како главен осомничен. Нешто подоцна докажан е и мотивот, напаѓачот имал позајмено голема сума на пари што ја вложил на пад на акциите на Борусија на германската берза.

Тој во времето на нападот бил сместен во истиот хотел како и фудбалерите на Борусија, а барал и соба со поглед на паркингот, од каде автобусот се упатил кон стадионот.

Се вчитува...