Парагвај неочекувано има водство по првите 45 минути од мечот од 1/16 финалето на СП во кој оваа јужноамериканска селекција за ривал ја има Германија.
Повеќекратниот светски првак се мачи да влезе во ритам, тандемот Ундав – Хаверц во нападот не се снаоѓа против парагвајскиот бункер, додека на спротивната страна Мануел Нојер повторно ја вадеше топката од својата мрежа, со што продолжи црната традиција Германија да прима најмалку по еден гол на сите мундијалски натпревари што оваа селекција ги одигра од стартот на СП 2018 па се до овој денешниот.
Енцисо беше стрелец на погодокот пред самиот крај на полувремето, откако одлично втрча и го матираше Нојер, најавувајќи големо изненадување на овој натпревар.
Дали Германиа ќе успее да се врати како што тоа го стори Бразил, останува да видиме во преостанатите 45 минути од овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
