Германија го совлада Бразил во Сплит и се „чекираше“ на ЛОИ во Токио

Репрезентацијата на Германија по Словенија е вториот патник на Летните олимписки игри од квалификациските турнири откако Германците на турнирот кој се одржа во Сплит славеа над Бразил во финалето со 75-64.

Германците стигнаа до двоцифрена предност уште во втората четвртина (34-23) меѓутоа не успеаја истата да ја задржат и во продолжението од натпреварот. Напротив, Бразил ја зацврсти одбраната и веќе до полувремето намали на негатива од само еден напад (36-34). Бразилците и поведоа во третата четвртина, меѓутоа не успеаја да го задржат ритамот и до крајот. Германија ги консолидираа своите редови, заиграа далеку подобро во одбрата и повторно ја вратија двоцифрената предност за која Бразилците немаа решение.

Мортиз Вагнер беше незапирлив кај Германија со 28 поени и 6 скока, додека него го следеше Бензинг со 13 поени. Кај Бразил, Вережао броеше до 14 поени на кои додаде и 4 скока, додека двоцифрен беше и Гарсија кој додаде 10 поени.

Се вчитува...