Германија и Парагвај ќе мораат да играат уште најмалку 30 минути за да биде познат третиот патник во осминафиналето од овој мундијал откако регуларните 90 минути игра на „Фоксбороу“ во Бостон завршија со израмнети 1-1.
Парагвај со дисциплинираната одбрана им создаваше многу проблеми на германските офанзивци, а тандемот Ундав – Хаверц што Нагелсман го проба за првпат на овој мундијал не го даде посакуваниот резултат. Не само што Германија се мачеше да создаде стопроцентна шанса, туку и Парагвај прв успеа да поведе, со погодокот на Енцисо во 43. минута.
Вториот дел донесе поинаква слика, германските фудбалери беа поконкретни во акциите, а таквиот пристап даде резултат кога Вирц нафрли од левата страна, а Хаверц со глава го матираше парагвајскиот голман.
При 1-1 продолжи доминацијата на германскиот состав, Хаверц не реализираше нова убава шанса со глава, па ова 1/16 финале заврши со 1-1 и ќе мора да биде решено по продолженија или евентуално со удари од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
