Германија со конечен список за ЕП: Отпаднаа Дамке, Вајде и Лемке

Германскиот селектор Кристијан Прокоп веднаш по втората победа на контролните средби со Исланд го објави и конечниот список од 16 ракометари на чии услуги ќе смета за претстојното ЕП во Хрватска, на кое Германците за ривал во групата Ц ќе ја имаат и селекцијата на Македонија.

Изненадувачки, на неговиот список го немаше Руне Дамке од Кил, па како единствено лево крило Прокоп го има Уве Генсхајмер.

Покрај Дамке, германскиот селектор ги отпиша и Фабијан Вајде и Фин Лемке, тројцата ракометари кои беа дел од шампионскиот тим пред две години во Полска.

Морав да изберам 16 ракометари, изборот беше исклучително тежок. Европското Првенство е долго и би можеле да направиме неколку измени во текот на шампионатот“ – истакна Прокоп.

СОСТАВ ГЕРМАНИЈА:

Голмани: Силвио Хајневетер (Фуксе Берлин), Андреас Волф (Кил)

Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)

Лев бек: Максимилијан Јанке (Лајпциг), Џулиус Кун (Мелсунген), Пол Друкс (Фуксе Берлин).

Среден бек: Штефан Фет (Фуксе Берлин), Филип Вебер (Лајпциг).

Десен бек: Каи Хефнер (Хановер), Штефан Вајнхолд (Кил).

Десно крило: Патрик Грецки (Некар Левен), Тобијас Рајхман (Мелсунген).

Пивот: Јаник Колбахер (Вецлар), Патрик Винчек (Кил), Хендрик Пекелер (Некар Левен), Бастијан Рошек (Лајпциг).

Се вчитува...