Германките лесно против Камерун на отворањето на Светското првенство

Репрезентацијата на Германија стартуваше со лесна победа од 28-15 (12-7) против Камерун во првиот натпревар на Светското првенство во ракомет за жени.

На Мундијалот, кој ќе се игра во Германија од денеска па до 17. декември, домаќинките немаа никаков проблем да стигнат до првата победа во Групата Д која се игра во Лајпциг.

Уште од самиот старт наметнаа силен ритам, па веќе по првото полувреме имаат предност од пет гола против агресивните Камерунки. Во вториот дел предноста постојано се зголемуваше за на крајот да стигне до убедлив триумф од 13 гола разлика (28-15).

Денеска на програмата на СП беше само овој натпревар, а од утре стартуваат вистинските возбудувања и во останатите групи.

Се вчитува...