Германска лојалност: Продадоа 72 илјади билети за натпревар без публика

Навивачите на Динамо Дрезден, германскиот третолигаш се вистински пример за лојаност. Клубот кој од 1995 година не игра во најелитната германска лига распродаде 72 илјади влезници за Куп дуелот против Дармштад, натпревар кој се одигра без присуство на публика.

Целта е јасна, помош на клубот во најтешките финансиски моменти, а интересен факт е тоа дека оваа бројка е дупло поголема од вкупниот капацитет на „Рудол-Харбиг“ стадионот. Динамо го изгуби дуелот со 3-0, но резултатот останува со втор план.

Како што соопштија од клубот, оваа бројка на навивачи не е ни првата во историјата. Во два наврата клубот имал поголема поддршка, и тоа во два натпревара на гостински терен.

 

 

Се вчитува...