Германски клуб забрани навивачка песна поради тоа што е напишана од нацист

Германскиот бундеслигаш Сент Паули одлучи да престане да ја пушта омилената навивачка песна „Das Herz von St. Pauli“ на својот стадион бидејќи е напишана од страна на нацист.

Стиховите се дело на Јозеф Олиг за кој истражувачите од клупскиот музеј дошле до сознание дека тој бил германски војник и допишувач за нацистичките медиуми во Втората светска војна.

„Знаеме и разбираме дека песната многу им значи на нашите навивачи, но тимната на стадионот треба да служи за поврзување на луѓето. Со новите сознанија тоа може нема да биде случајот. Бројни навивачи и членови истакнаа дека повеќе се чувстуваат убаво кога ја слушаат оваа песна“, изјави претседателот на клубот, Оке Готлик.

Се вчитува...