Германците пресекоа – Лев останува селектор

Шокантната елиминација од СП 2018 нема да донесе и посериозен потрес во германската репрезентација, откако беше донесена одлука Јоаким Лев да остане на чело на националниот тим уште најмалку две години. Тој потпиша нов договор непосредно пред почетокот на мундијалот, претходно ги одби и понудите на Баерн Минхен и на Реал Мадрид, па раководството на федерацијата реши да му укаже доверба без оглед на очајните игри во Русија.

Весникот „Билд“ објави дека одлуката е донесена утрово, по заедничкиот состав на Лев со челниците на германската куќа на фудбалот. Селекторот истакнал дека не е задоволен од игрите, но дека има визија за иднината. Челниците на федерацијата му укажале доверба на стратегот кој пред четири години им ја донесе светската круна, па веќе нема никакви дилеми дека Лев ќе остане селектор и во Лигата на Нации, како и во квалификациите за ЕП 2020.

За очекување е да дојде до мини-ремонт во екипата, па интересно ќе биде да се види за какви промени ќе се реши селекторот по фијаското во Русија.

Се вчитува...