Германците тврдат дека Клоп е нов селектор, неговиот менаџер демантира заминување од Ливерпул

Германските медиуми се погласно тврдат дека актуелниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп ќе биде новиот селектор на Германија како замена за Ханси Флик.

Јавноста во Германија, по лошите резултати на селекцијата, смета дека Флик не треба да ја води репрезентацијата на Европското првенство, иако од германската федерација не сакаат никаква промена.

На оваа тема се огласи и менаџерот на Јирген Клоп, Марк Косицке кој демантира можност на Германецот за заминување од Ливерпул.

„Јирген има долгогодишен договор со Ливерпул, а германската селекција си има селектор. За нас тоа воопшто не е тема“ – вели Косицке.

Договорот на Клоп со Ливерпул завршува во 2026 година, и навистина е тешко да се помисли дека би ја напуштил оваа екипа во брзо време.

Се вчитува...