Гест за пофалба – Азар го изненади Вилиjан

Челси во 17.коло од англиската Премиер лига славеше рутинска победа над Хaдерсфилд (1-3), а Еден Азар после натпреварот го направи потегот на денот. Белгискиот фудбалер го изненади својот клупски колега Вилиjан, отстапувајќи му ја наградата за најдобар играч.

Бразилецот Вилиан одигра одличен натпревар, постигна еден гол и запиша две асистенции, но не ја доби наградата за играч на мечот. Меѓутоа, Азар се потруди таа сепак да заврши во негови раце.

По завршувањето на натпреварот двајцата фудбалери добро расположени даваа изјави за медиумите, а кога дојде моментот за доделување на наградата планирана за Азар, тој ја зеде и му ја предаде на Бразилецот.

„Ова е за тебе“ – му рече Азар на изненадениот Вилиjан.

Се вчитува...