Гетафе стравува дека Јунајтед го продолжил договорот со Гринвуд

Раководството на Гетафе стравува дека Манчестер Јунајтед го продолжил договорот со Мејсон Гринвуд, со што ќе им нанесе тежок удар на оние екипи кои сакаат да го ангажираат. Гринвуд во моментов настапува во шпанскиот тим, кој изрази желба да го откупи со перманентен договор. Меѓутоа ако му е продолжен договорот, тогаш ќе треба да издвојат пари, што ќе биде проблем за Гетафе.

Јунајтед има клаузула во договорот на продолжување на дополнителни 12 минути која може да биде активирана во секој момент, па токму таа клаузула може да биде „болна“ за Гетафе и нивните амбиции.

Англичанецот има осум гола на 27 натпреври оваа сезона. Покрај тоа што Гетафе сакаше да го задржи, имаше интерес и од Барселона и Јувентус.

Од Олд Трафорд засега демантираат дека ја активирале клаузулата.

Се вчитува...