Гибралтар живее за историскиот меч: Се во знакот на фудбалот (ФОТО)

Не може да остане незабележано дека сите во малата земја на југот од Пиринеите деновиве едноставно живее за фудбалот и историскиот, за нив, меч против Македонија кој е прв официјален кој ќе се игра на нивно тло.

Очигледно е дека во малиот Гибралтар кој брои 28.000 жители се е подредено на фудбалот… Па покрај тоа што нема простор во градот кој е обележан во боите на националниот тим, државните власти одлучија и централната тврдина на градот да ја „обележат“ во чест на фудбалската репрезентација…

Гибралтар претходните официјални квалификациски натпревари ги играше во Португалија. А, УЕФА за првпат сега им дозволи натпреварите од групата во Лигата на нации да си ги играат на домашен терен. Па, календарот сакаше токму против Македонија утре од 20:45 часот на „Викторија стадионот“ да биде првиот за нив историски натпревар во својата земја.

Се вчитува...