Ракометарите на Фуксе Берлин експресно се рехабилитираа од поразот од Веспрем (29:35) во претходното коло и вечерва пред своите гледачи славеше со 40:32 против Порто.
Германскиот тим по три кола има две победи и еден пораз, додека Порто го доживеа вториот пораз.
Натпреварот го одбележа најдобриот ракометар на светот, Матијас Гидсел кој даде неверојатни 17 голови со 89 отсто успешност на шутот.
Покрај тоа, Данецот имаше и четири асистенции и две украдени топки.
Во вториот натпревар, Загреб на домашен терен е поразен од Алборг со убедливи 23:33.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
