Гидсел заслужено е МВП на Мундијалот, двајца Хрвати во дрим-тимот

Матијас Гидсел ја продолжи својата доминација на големите натпреварувања откако извонредниот десен бек ја предводеше Данска до уште едно златно одличје.

Тој на крајот заслужено се закити со МВП признанието на шампионатот, откако беше најдобар стрелец и најдобар асистент на овој ракометен мундијал, крунисувајќи ја одличната форма со десет гола во големото финале со Хрватска.

Во дрим-тимот на шампионатот што веднаш по финалето го објави ИХФ, светскиот ги имаше голманот Нилсен и левиот бек Питлик, на кои друштво им правеа Хрватите Шоштариќ и Мартиновиќ, Французинот Дилан Наи и португалските репрезентативци Мартим Коста и Итуриза…

За најдобар млад ракометар на овој мундијал беше избран португалскиот ракометен бисер Франциско Коста.

Се вчитува...