Гигантите од Манчестер во трка за фудбалер на Свонси

Велшкиот репрезентативец Џо Родон е најновиот интерес за трансфер во летниот преодон рок за Манчестер Јунајтед. Тој имаше одлични изданија во измнатиот дел од сеозната за Свонси и на тимот од „Олд Трафорд“ му го препорачала поранешната клупска ѕвезда, Рајан Гигс. Негова идеја беше и доаѓањето на Даниел Џејмс.

Сепак за реализација на овој план, Јунајтед ќе треба да го победи Манчестер Сити кој исто така е заинтерсиран за младиот играч. Пондудата до Свонси ќе биде 20 милиони фунти. 22-годишниот Родон избори место во репрезентацијата на Велс минатата година и досега има четири настапи.

Со евентуалното негово доаѓање во тимот, Ол Гунар Солскјер ќе има силна конкуренција во одбраната каде што Виктор Линделоф и Ерик Баи се борат за партнерство со Хари Мегваер.

 

 

Се вчитува...