Гигс го избра идеалниот тим на Јунајтед – Во него нема место за Роналдо

Рајан Гигс целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед тим со кој успеа да ги освои сите трофеи во кариерата. Прославениот фудбалски ас кој во моментов ја извршува функцијата селектор на Велс го избра идеалниот тим на „црвените-ѓаволи“ на сите времиња.

Интересно е што во него нема место за Кристијано Роналдо. На голот е Питер Шмајхел. Во одбраната се Гери Невил, Рио Фердинанд, Микел Силвестре и Денис Ирвин.

Идеалниот среден ред на Јунајтед, според Гигс, го сочинуваат Рој Кин, Ники Бат, Пол Сколс и Дејвид Бекам, додека напаѓачкото дуо е составено од Вејн Руни и Оле Гунар Солскјер.

 

Се вчитува...