Гигс се појави на суд: Тврди дека не е виновен

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и тренер на Велс, Рајан Гигс се изјасни за невин по обвиненијата за насилно однесување врз две жени. Гигс е обвинет за физичка напад врз 36-годишна жена и во таа прилика и нанел телесни повреди. Исто така се споменува дека во тоа време тој се однесувал насилно кон помлада женска личност.

Обвинението тврди дека тој се обидел да го контролира однесувањето на споменатите лица и дека злоупотребата траела скоро три години.

Гигс беше обвинет врз основа на извештајот на тројца полицајци, кои пристигнаа на адресата во Ворсли во Салфорд на 1 ноември. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се појави на суд во средата, кога му беа прочитани обвинувањата. Тој по тој повод се изјасни за невин.

Рајан ќе мора повторно да се појави на суд на 26 мај.

Се вчитува...