Џирона им се врати на победите: Блесок на Савио против Столе Димитриевкси

Џирона стави крај на серијата од два порази во низа откако во 26. коло славеше на домашен терен со 3-0 против Рајо Валекано на македонскиот голман Столе Димитриевски.

Мрежите мируваа во првото полувреме, а во 52. минута Циганков до доведе својот тим во предност од 1-0. Рајо остана со играч помалку во 76. минута откако во две минути Чаварија заработи два жолти картони, а тоа го искористи Џирона за во 91. минута преку Савио да ја осигура победата. Младиот фудблер во 95. минута направи уште една мајсторија и го постигна и својот втор гол.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...