Гисласон го лути Лино Червар

Тренерот на Кил, Алфред Гисласон, го советува повредениот Домагој Дувњак да го откаже настапот на хрватската репрезентација на претстојното Европско првенство во Хрватска, во јануари. Тоа сигурно нема да му се допадна на хрватскиот селектор, Лино Червар, кој со сигурност го очекува капитенот да се врати во составот и да и помогне на хрватска во походот кон европската титула.

Во интервјуто за германскиот ракометен магазин „Хандбал вохе“, исландскиот тренер на клупата на Кил, истакнува дека е задрижен за здравјето на Домагој Дувњак кој наскоро треба да се врати на терен по неколкумесечната пауза по операцијата на тетивата.

Најпаметна работа за сите што се инволвирани ќе биде Дувњак да не игра на Европското првенство“ – истакнува Алфред Гисласон.

Тој вината за повредата и долгото отсуство на хрватската ѕвезда, ја гледа во Хрватскиот ракометен сојуз

„Тренерот и оние кои се одговорни таму не ја земаат предвид историјата на повредата на Дувњак“ – критикува тренерот на Кил.

Со оглед на високите амбиции на хрватската репрезентација за ЕП на кое се домаќини, малку е веројатно дека Хрватите доброволно ќе се откажат од својот клучен играч.

Тие знаат дека ако не освојат медал, дека сите ќе бидат исфрлени од репрезентацијата, што е традиција“ – вели Гисласон.

Се вчитува...