Гисласон загрижен за Дувњак, Хрватите нервозни

Тренерот на Кил, Алфред Гисласон, одново изрази загриженост за состојбата на хрватскиот репрезентативец Домагој Дувњак пред настапот на ЕП во Хрватска. Капитенот на Кил по неколкумесечна пауза за санација на повредата на коленото неодамна се врати на терен, а веднаш потоа и се приклучи на репрезентацијата на Храватска во подготовките пред ЕП.

Гисласон претходно му советуваше на Дувњак во интерес на своето здравје, да го откаже настапот на ЕП, но хрватскиот репрезентативец сепак, реши да игра и да и помогне на својата репрезентација во походот кон европското злато на првенството на кое Хрватска е домаќин.

Сега Гисласон повторно изрази загриженост за настапот на Дувњак и сомнеж дека после ЕП тој повторно ќе биде во лоша состојба.

На претходните репрезентативни натпреварувања Кил беше најголемиот губитник. Нашите противници имаа многу повеќе свои играчи кои не настапуваа на овие големи натпреварувања, а ние тука секогаш страдаме. Ужасно сум загрижен како Домагој Дувњак ќе го поднесе Европското првенство! Таму никој нема да се грижи за неговото здравје – изјави тренерот на Кил.

Изјавата на Гисласон одново предизвика нервоза во Хрватска, а во хрватските медиуми беше протолкувана како намерна провокација од Исланѓанецот.

Се вчитува...