Оливер Гласнер го крена трофејот во Конференциската лига на УЕФА со Кристал Палас, го напушти лондонскиот клуб во обид да осигура посериозен ангажман, се споменуваа Милан и Баер Леверкузен, но тој на крајот реши да остане во Премиер-лигата.
Нотингем Форест ќе биде новиот клуб на австрискиоот стратег, кој веќе ги договори условите за тригодишна соработка со „шумарите“.
Витор Переира успеа да го разбуди Нотингем во финишот од сезоната, но португалскиот стратег во меѓувреме имал конфликт со сопственикот Маринакис, кој повторно експресно го загубил трпението и се решил за нова тренерска смена во Нотингем.
„Шумарите“ го бараа Гласнер и во текот на ланската сезона, тогаш тој реши да остане во Палас и да ја доврши својата мисија во овој клуб. Сега ситуацијата е поинаква, Австриецот е слободен и без клуб, па реши да ја прифати најновата понуда од Нотингем за да остане дел од најсилната лига во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
