Главните „фаци“ во Атлетико Мадрид позитивни на коронавирус

Атлетико Мадрид е најновиот клуб во Ла Лига што претрпе сериозен удар од коронавирус откако актуелниот првак има пет позитивни случаи на Covid-19.

Станува збор за клучни фигури во мадридскиот клуб, па така позитивен е тренерот Диего Симеоне, капитенот Коке, потоа голгетерите Антоан Гризман и Жоао Феликс и мексиканскиот играч за врска Ерера.

Атлетико Мадрид претстојниот викенд треба да се сретне со Рајо Валјекано, клуб што исто така е без десетина фудбалери поради епидемијата на коронавирус.

Се вчитува...