Главоболки за Гатузо: Се повредија уште двајца првотимци на Наполи

Наполи ги загуби последните две дерби-пресметки со Интер и со Лацио, а кризата лесно би можела да се продлабочи поради огромните проблеми со повреди на клучните играчи со кои се соочува тренерот Џенаро Гатузо. Тој веќе извесно време не може да смета на најскапото засилување, Нигериецот Осимен, а на дуелот со Интер се повреди и Дрис Мертенс, кој најмалку еден месец ќе биде надвор од терените.

Главоболките уште повеќе се зголемија по синоќешниот дуел со Наполи, на кој настрадаа уште двајца првотимци, Калиду Кулибали и Ирвинг Лозано. Сенегалскиот дефанзивец ќе паузира најмалку десет дена од терените, додека со Лозано проблемот е многу посериозен, деталните лекарски прегледи треба да ја утврдат должината на паузата, но се очекува таа да изнесува најмалку еден месец.

Ова се огромни проблеми ако се знае дека Наполи по двата порази сега заостанува осум бода зад лидерот Милан. Тимот на нашиот Елиф Елмас годината ќе ја заврши со домашен дуел со Торино, а за 3 јануари е закажан првиот меч во 2021 година, на гостински терен против Калјари.

Се вчитува...