Глупост на Мората – почетнички црвен картон, го пропушта мадридското дерби

Алваро Мората дефинитивно ќе биде казнет од управата на Атлетико Мадрид за наивно заработениот црвен картон на дуелот со Мајорка.

Шпанскиот репрезентативец влезе во игра во 69. минута на местото на Диего Коста, а не издржа на теренот ниту десет минути. Тој доби два жолти картони во рок од неполна минута, и двата за вербален конфликт со противничките фудбалери, по што судијата Хернандез Хернандез му го покажа патот кон соблекувалната.

За трагедијата за Мората и за Атлетико да е уште поголема, „јорганџиите“ викендов ги очекува големото мадридско дерби против Реал, меч што екс-голгетерот на „кралевите“ по ваквата глупост ќе мора да го следи од трибините.

Се вчитува...