Глупост: Златан Ибрахимовиќ се посрамоти и го остави Милан на цедило

Златан Ибрахимовиќ ги покажа двете лица на вечерашниот меч меѓу Парма и Милан, најпрвин асистираше до Ребиќ за водечкиот погодок на „росонерите“, но во второто полувреме го демонстрираше и незгодниот темперамент, за што доби директен црвен картон.

Се играше второто полувреме, Милан делуваше во тотална контрола при водство од 0-2, кога Ибрахимовиќ влезе во конфликт со судијата дофрлајќи му нешто, по што овој веднаш го извади црвениот картон од џебот.

Само неколку минути подоцна Парма намали на 1-2, па „росонерите“ сега ќе имаат тешка задача да го задржат водството до самиот крај.

Се вчитува...