Гнабри е позитивен на коронавирус, го пропушта двомечот со ПСЖ

Баерн ќе биде дополнително ослабен за утрешниот дуел со ПСЖ откако попладнево беше обелоденето дека Серж Гнабри мора да замине во самоизолација бидејќи е позитивен на коронавирус.

Германскиот репрезентативец настапи против Македонија во последниот од трите натпревари од мартовските квалификации, а по враќањето во клубот се пожалил на силни болки во грлото. Тренерот Флик на денешната прес-конференција објави дека Гнабри е неизвесен поради овие симптоми, за попладнево да биде обелоденето дека крилниот офанзивец добил позитивен резултат на тестирањето за коронавирус.

Гнабри ќе го пропушти и реваншот што ќе се игра по осум дена во Париз, што е уште еден огромен проблем за Флик по повредата на најдобриот стрелец Роберт Левандовски.

Се вчитува...