Го донесоа како спасител за опстанок, по четири месеци му врачија отказ

Раководството на Гранада реши да му врачи отказ на Алехандро Медина нецели четири месеци откако овој стручњак беше промовиран во нов тренер.

Од уругвајскиот стратег се очекуваше да помогне во борбата за опстанок откако неговиот претходник Пако Лопез забележа само една победа во првите 14 рунди од ЛА Лига. Сепак, Медина не успеа да ја крене екипата онака како што посакуваше, резултатската криза се продлабочи, па овој тим падна на претпоследното место на табелата, со дури 13 бода заостанување зад Селта, првиот тим што се наоѓа над зоната за испаѓање од елитното друштво.

Како главен кандидат за нов тренер на Гранада се споменува Хозе Рамон Сандовал, кој седеше на клупата на овој клуб од 2015 до 2016 година.

Се вчитува...