Го имаме мајсторот на годината – Фудбалер на Емполи доби два жолти картони за помалку од 30 секунди (ВИДЕО)

Емполи загуби на домашен терен од Сасуоло со 1-5 во натпревар од 21. коло во италијанската Серија А. Мечот го одбележа големата глупост која ја направи фудбалерот на домаќините Матија Вити.

Тој успеа за нешто помалку од триесет секунди да добие два жолти картони и со тоа да ги остави своите соиграчи на цедило. Прво како би спречил контра стартуваше на средината на теренот, а само десетина секунди подоцна направи уште еден фаул поради кој мораше да добие исклучување.

 

 

Се вчитува...