Го нема, го нема, па Роналдо урива рекорд: 18 гола во ЛШ во една година!

Кој вели дека Кристијано Роналдо е во голгетерска криза. Португалецот блесна во второто полувреме на мечот против АПОЕЛ во триумфот од 0-6, постигна два гола и постави нов рекорд во Лигата на шампионите.

Тој стана првиот играч во историјата кој успеал да постигне 18 гола во најквалитетното европско натпреварување во една календарска година. И што е најважно, сите три најдобри остварувања се потпишани со неговото име и презиме. Исто така, Роналдо стана и најдобар асистент во последната деценија од ЛШ, со вкупно 27 реализирани додавања.

Роналдо во 2015 година постигна 16 гола, а во 2013 година беше стрелец на 15 гола. Далеку е Лионел Меси, кој во 2016 година постигна 13 погодоци, и повторно ја дели оваа позиција со Кристијано Роналдо, кој исто така постигна 13 во 2014 година.

Се вчитува...