Го нема Роналдо, нема трофеи, но заработката на Реал расте

Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со фантастичната заработка и покрај тоа што минатата сезона беше една од најлошите за најтрофејниот тим во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ минатата година остварил приходи кои се доволни за следната сезона да имаат буџет за 155 милиони евра  поголем од претходната.

Се очекува на седницата која е закажана за 15. септември генералното собрание на клубот треба да одобри буџет од 822 милиони евра.

И покрај лошата сезона без трофеј и продажбата на првата ѕвезда Кристијано Роналдо во Јувентус, раководството на тимот предводено од Флорентино Перез може мирно да спие.

Се вчитува...