Го победи ракот па Манчестер јунајтед го награди со нов договор

Одличен потег на Манчестер јунајтед. Од таборот на „црвените ѓаволи“ се одлучија да му понудат нов договор на Макс Тејлор, фудбалерот на кого во 2018 година му беше дијагностициран рак.

Мина девет недели хемотерапија и на крајот го победи ракот. Тејлор беше член на младинскиот тим на Јунјатед, а беше дел и од првиот тим на натпреварите во Лига Европа, но не доби шанса.

Беше испратен претходно и на позајмица во нисколигашот Стелибриџ Селтик. Но, откако го победи ракот Манчестер јунајтед без размислување се одлучи да го награди со нов едногодишен договор.

Тејлор има 20 години, како што вели, желен повторно максимално да се врати на терените и да ја оправда довербата која му ја укажува Јунајтед.

Се вчитува...