Го посрамотија Јунајтед, па сами се посрамотија: Ливерпул загуби од Борнмут (ВИДЕО)

После триумфот од 7-0 над Манчестер Јунајтед, сите се надеваа дека Ливерпул се враќа на старите патеки и дека ќе биде фаворит за тоа четврто место на табелата. Меѓутоа после само една недела, стигна „студен туш“ откако „црвените“ денеска се поразени од Борнмут.

Ливерпул имаше неколку шанси на овој меч не само да го избегне поразот, туку и да ги освои бодовите, но голот на Билинг во 28. минута им го загорчи животот, и местото во ЛШ за следната сезона.

Пред голот на Борнмут, Гакпо постигна гол кој беше поништен, додека Салах во 69. минута промаши пенал за израмнување, шутирајќи покрај голот. Ова беше осми пораз на избраниците на Јирген Клоп, и сега заостануваат три бода од четвртото место, иако имаа шанси да се израмнат со Тотенхем на таа позиција на табелата.

Се вчитува...