„Го прегрнав и само тивко му шепнав „Доволно е Паоло, ти благодарам за се““

Светот жали за прераната смрт на херојот на Италија од Светското првенство во 1982 година, Паоло Роси. Тој утрово почина по долга борба со ракот на белите дробови. Сопругата на Паоло, Федерика Каплети изјави како се збогувала со нејзиниот сопруг на постелата во фамилијарниот дом.

„Бев покрај него во последните моменти, едноставно тој не сакаше да замине. Едноставно беше таков човек. Го прегрнав и само тивко му шепнав „Доволно е Паоло ти благодарам за се, немој повеќе да се мачиш. Направи премногу“, после тоа моментално заспа и не напушти засекогаш“, изјави Федерика. 

Паоло Роси и ја донесе на Италија титулата Светски шампион во 1982 кога на шампионатот беше избран за најдобар голгетер, само неколку месеци по прекинот на суспензијата.

Се вчитува...