Го раскинаа договорот во јануари, но Арсенал се’ уште му дава вистинско богатство на Озил секој месец!

Германскиот фудбалер Месут Озил го напушти лондонски Арсенал во јануари и реши кариерата да ја продолжи во дресот на Фенербахче. Озил го напушти Арсенал по скоро осум години откако не беше во плановите на Микел Артета, сепак тимот на Лондон и понатаму му исплаќа вистинско богатство на Месут.

Поранешниот германски репрезентативец имаше договор со Арсенал до крајот на оваа сезона, според кој заработуваше скоро 350.000 фунти неделно. Беше јасно зошто Озил не сакаше да оди порано, но кога го повика клубот за кој навиваше уште како мал, тој одлучи дека е време да си замине.

Во јануари беше објавено дека Арсенал и Озил постигнале договор за меѓусебно раскинување на соработкатата, а овој 32-годишен фудбалер како слободен играч на крајот потпиша за Фенербахче до летото 2024 година.

Но, многу фанови на лондонскиот клуб вчера беа изненадени од информацијата дека Арсенал сè уште му плаќа на Озил иако тој го раскина договорот со тимот од Емирати пред скоро пет месеци. Сепак, тогаш Арсенал и Озил се согласија клубот да продолжи да ја плаќа неговата плата до крајот на оваа сезона, односно договорот што го имаше. Озил само се согласи да го напушти клубот на тој начин, а на крајот челниците на Арсенал одобрија раскин на неговиот договор и се согласија да му ги исплатат парите како да е сè уште член на „топџиите“.

Англискиот „Атлетик“ вчера објави дека Арсенал сè уште исплаќа околу 90% од платата на Озил, што е околу 315.000 фунти неделно. Иако го раскина договорот, тоа значи дека Озил ќе инкасира дури 7,38 милиони фунти од клубот, во кој веќе не е член, што е навистина неверојатно.

Озил заврши одлична работа кога го напушти Арсенал и сега на сите им е јасно зошто не му беше толку важно колку пари ќе заработи во Фенербахче. Турскиот клуб е должен да ги плати преостанатите 45.000 фунти неделно до крајот на сезоната, а потоа ќе се договорат за новите услови. Но, навистина останува енигма како Арсенал се согласи на сето ова.

Сепак, на Озил ниту во Турција не му оди баш најдобро, бидејќи од доаѓањето во овој клуб има одиграно само седум натпревари и јасно е дека ќе му треба време да се врати во форма откако не играше ниту минута за Арсенал речиси една година.

Се вчитува...