Го споредуваа со Зидан и Лампард, го одби Реал Мадрид поради љубов кон Челси, а сега потпиша за третолигаш

Фудбалката акадмеија на Челси низ годините произведе голем број на светски таленти, но и се најде под големи критики за начинот на кој ги третираше младинците. Голем дел од нив не ја добија вистинската шанса на „Стемфорд Бриџ“ па беа праќани на позајмици каде се загубија и никогаш не го постигнаа својот потенцијал.

Таков е и случајот со Џош МекЕхран на кој му предвидуваа статус на легенда на Челси. Сега 30-годишникот кој беше споредуван со Зидан, Лампард и Иниеста во минатото одбиваше и понуди од Реал Мадрид и Манчстер Јунајтед поради љубов кон Челси…

„Кога имав 16 години во Челси мојот агент во тоа време дојде и ми кажа дека ме сака Реал Мадрид. Неверојатно нели? На тие години имав шанса да преминам во Реал Мадрид или Манчстер Јунајтед. Реал Мадрид го имаа подготвено и договорот и сакаа да одлетам за Мадрид со моето семејство да потпишам. Но, јас реков не. Сакав да останам во Челси, јас сум фан на Челси.

Верував дека ќе успеам. Под водство на Карло кога дебитирав во тимот си кажав себе си. „Можеби и не е лошо дека го одбив Реал Мадрид“, но гледајќи назад сега можеби требаше да прифатам“, откри МекЕхран.

Кариерата на МекЕхран никогаш не доживеа сјај. По бројните позајмици и трансфери сега се врати во родниот крај и ќе настапува во англискиот третолигаш Оксфорд Јунајтед кој ќе биде десетти клуб во кариерата.

Се вчитува...