Го судеше отворањето, ќе го суди и големото финале на СП 2018

Аргентинецот Нестор Питана ќе ја има честа да биде главен судија на големото финале од СП 2018 во кое силите ќе ги омерат Франција и Хрватска.

Станува збор за судија што ја делеше правдата на премиерниот меч на мундијалот, дуелот меѓу Русија и Саудиска Арабија, а во групната фаза го судеше уште и мечот меѓу Шведска и Мексико. Во нокаут-фазата Питана им донесе среќа и на двата финалисти, во осминафиналето беше главен судија на дуелот Данска – Хрватска, а во четвртфиналето ја делеше правдата на дуелот Франција – Уругвај.

Тој ќе стане втор Аргентинец што бил главен судија на мундијалско финале, по Норберто Коереца, кој ја делеше правдата на битките за трофејот во 1970 и во 1978 година.

Се вчитува...