Бразилската полиција објави дека ја прекинува истрагата против Нејмар за наводното силување на Најила Триндаде поради недостиг на докази. Згора на тоа, против Триндаде ќе биде покрената кривичка постапка и ќе следи тужба за лажно обвинение.
„Секое лице кое ја користи државата, полицијата, со лажни информации да оствари корист, може да биде казнето. Точно е, постои истрага против Најила Триндаде“ – изјави директорот на Полицијата во Сао Паоло, Албано де Паул.
Неофицијално, голем дел од тврдењата на Најила против Нејмар биле апсолутно неточнии со јасна цел да се изнудат пари од фудбалерот. Дополнителната истрага ќе покаже дали постојат докази за да биде покрената и тужба против бразилската манекенка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА