Годин збесна: Лажевте дека се е нормално, а сега…

Италија е завиена во црно, бројот на жртвите од коронавирусот ја надмина и границата од 10.000, здравствениот систем е на колена, а никој на Апенинскиот полуостров нема смелост да прогнозира кога хаосот би престанал. Дефанзивецот на Интер, Диего Годин, само додаде сол на раната порачувајќи им на Италијанците дека самите се виновни за големата трагедија, поради презадоцнетата реакција на властите.

„До последен момент бевме изложени на опасност. Челниците на Серија А го држеа фудбалот на конец се до граница на пукање, бараа да играме додека ситуацијата не стана неподнослива, а здравствениот систем во земјата не колабираше. Лажевте дека се е нормално, ние моравме да тренираме, да играме натпревари. Потоа забранивте присуство на навивачи, па се докажа дека Даниеле Ругани од Јувентус е позитивен на коронавирус. Се чекаше таков случај за првенството да биде запрено, што е недозволиво. Мислевте дека коронавирусот е проблем на Кина, а сега на клиниката нема доволно кревети за болните. Лекарите се вистински херои, не можат да постигнат да им помогнат на сите луѓе“, истакна Годин.

Уругваецот поради конфликтот со Антонио Конте се наоѓа пред заминување од Интер, процес што сигурно ќе биде дополнително забрзан со овие негови жестоки критики.

Се вчитува...