Кристијано Роналдо денеска го прославува својот 41. роденден, но Португалецот и на оваа возраст покажува зошто важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Последните години ги минува во Саудиска Арабија, каде изврши тотална фудбалска револуција. За жал, во последните денови Кристијано е на насловните страници од поинакви причини, поради штрајкот и незадоволството од третманот што одредени клубови го имаат од саудиските власти на штета на некои други екипи.
Се очекува и оваа бура да стивне, Роналдо наскоро да се врати во тимот и да продолжи во својот поход, како во борбата за титула, така и за остварување на големата индивидуална желба – 1.000 голови во кариерата.
Ова остварување е се поблиску, а со оглед на карактерот и победничкиот менталитет на Португалецот, само прашање на време е кога ќе биде достигнато.
Затоа што за Кристијано годините се само бројка, а возраста не е никаква пречка тој да продолжи да ги тресе противничките мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

