Годишнина од легендарниот триумф: Кога Реал „падна“ пред МЗТ Скопје…

На денешен ден пред точно 24 години МЗТ Скопје ја оствари најголемата победа во клупската историја, триумфираќи со 69-68 над Реал Мадрид предводен од Дејан Бодирога на теренот и од Жељко Обрадовиќ на клупата на „кралскиот клуб.

Херој на натпреврот беше Перо Блажевски, кој со двете прецизни слободни фрлања донесе огромна радост во преполната сала „Јане Сандански“.

Блажевски со 22 поени (4/4 за тројка) беше најпрецизен кај МЗТ Скопје на овој меч, Мирза Куртовиќ постигна 15, Врбица Стефанов 14, а Американецот Марк Дин 11 поени со седум скока. Зад името на Игор Михајловски останаа запишани четири, а Ѓорѓи Књазев постигна три поени. Минутажа добија и Тони Симиќ и Дејан Димов, а на клупата останаа Антонио Миневски и Борис Нешовиќ.

Се вчитува...