Ѓока: Лесно можевме да победиме, а примивме голови само по наши грешки

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока жали што неговиот тим не успеа да дојде до победа на дербито против Вардар во последното есенско коло од шампионатот. Ѓока и ремито (2-2) го оценува позитивно, но нагласува дека неговиот тим не успеал да дојде до трите бода само поради сопствените грешки.

„Мислам дека овој натпревар можевме и моравме да го победиме со малку повеќе концентрација. Дозволивме вториот гол да го примиме само по наша грешка. Тоа не смееше да го дозволиме, а се друго на овој натпревар мислам дека беше навистина добро. Секако останува жал што не победивме затоа што бевме многу подобри во второто полувреме, имавме можности и на крајот но не искористивме“ – вели Ѓока, притоа дополнувајќи:

„Како и да е, освоен бод против Вардар на гостински терен мислам дека може да оцени позитивно. Шкендија има потенцијал да оди напред, но мора да промениме одредени нешта за време на зимската пауза“.

Се вчитува...