Шкендија славеше на дуелот со Вардар со 2-1 и уште повеќе се зацврсти на првото место на табелата, но тренерот Ернест Ѓока не крие дека не е најзадоволен од пристапот на тетовци во денешниот дуел.
Според него, проблемите на противникот надвор од теренот придонеле тетовци да помислат дека лесно ќе стигнат до три бода, шти придонесе тие да се соочат со големи проблеми на теренот против храбриот ривал од Скопје.
„Требаше да бидеме многу поагресивни, не смееме да се залажуваме дека некој меч ќе биде лесен, дека можеме да славиме без проблеми и максимално залагање. Знаевме за проблемите на Вардар сезонава, но ништо не смее да е причина за да не се даде максимумот кога ќе се излезе на терен. Понекогаш, сакале или не, играте послабо од вообичаено кога гледате дека ривалот е под вашиот потенцијал. Не станува збор за потценување, туку за природен пад на концентрацијата, но ние не смееме да доззволуваме такво нешто да ни се случува. Сепак, наjважни се трите бода, а случувањата на теренот треба да ни послужат за предупредување бидејќи лигата станува се посилна“, истакна Ѓока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА