Ѓока: Не сум загрижен што не постигнуваме голови

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока не е загрижен што неговиот тим втор натпревар по ред не постигнува гол. Шкендија ремизираше без голови со Ренова, откако претходно одигра без голови и со Работнички во Скопје.

Според Ѓока тоа не е загрижувачки затоа што Шкендија има капацитет и игра повторно да се врати на посакуваниот пат. А голови ќе има…

„Не сум загрижен што Шкендија не постигнува гол на два едноподруго натпревари. Единствено мора да бидеме уште повеќе агресивни пред противничкиот гол, затоа што шанси секако создаваме. Против Ренова во некои моменти ни недостасуваше и малку среќа. Првенството станува повозбудливо и мора да бидеме уште повеќе внимателни и фокусирани. На последните два меча некако чувствувавме и мал притисок затоа што играше како апсолутен лидер, но убеден сум дека може да ја пребродиме оваа мала криза без голови и да се вратиме на победите“, вели Ѓока.

Во првото коло од третата фаза во првеството, следната недела Шкендија го пречекува Пелистер на домашен терен.

Се вчитува...