Ѓока: Недозволиво е вакво опуштање за тим како Шкендија

По обезбедувањето на титулата за сезонава, фудбалерите на Шкендија очигледно се опуштија повеќе од дозволеното за професионален тим па си дозволија лесен пораз од Струга ТЛ, тим кој се бори за европски излез.

Тренерот Ернест Ѓока во изјава по дуелот призна дека тимот играл релаксирано, што е последица и на освоената титула.

„Одигравме навистина лошо прво полувреме. Мора да кажам дека не смее такво опуштање. Ако веќе сме шампиони, мора и секој натпревар да го играме така. Мора да бидеме мотивирани, без разлика на се, и максимално фокусирани на секој дуел. Сега изгледа бевме прелекасирни. Не смее тоа да се случи во последните натпревар, затоа што сепак се работи за Шкендија“ – истакна Ѓока.

Се вчитува...