Ѓока: Овие бодови ни беа многу важни, Вардар е секогаш Вардар

Шкендија убедливо го победи Вардар со 1-6 задржувајќи ја предноста на врвот од табелата во однос на конкурентите за титулата.

Шефот на стручниот штаб, Ернест Ѓока очекувано е задоволен од триумфот, нагласувајќи дека неговиот тим дошол до важни бодови.

„Во битката за титула сакавме да ги добиеме бодовите и среќни сме што успеавме. Секако дека натпреварите со Вардар се важни за нас од многу аспекти. Вардар е Вардар, без разлика во каква ситуација, затоа задоволен сум што дојдовме до важни бодови“ – истакна Ѓока по натпреварот притоа дополнувајќи:

„Добро е што конечно се разработивме и во нападот. Подемите и падовите на секоја екипа се нормални, затоа мора да бидеме фокусирани цело време. Среќен сум и за Бесарт Ибраими, денес тој успеа да постигне гол, да дели асистенции, тоа што од него го баравме го заврши перфектно. Јас лично секогаш уживам кога даваме голови“.

Се вчитува...