Ѓока: Победуваме дома, но за да се стигне Вардар треба многу повеќе

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока сосема очекувано е задоволен од убедливата победа на неговиот тим против Шкупи од 4-0 во претпоследното есенско коло, но потенцира дека тимот мора многу повеќе и на гостински средби доколку сака да го стигне Вардар на челната позиција на табелата.

„Одигравме навистина квалитетен натпревар, тактички одличен а фудбалерите одиграа максимално дисциплинирано. Раното водство ни донесе нешто покомотна позиција на теренот за да потоа низ целосна контрола на ситуацијата дојдеме заслужено до победата. Среќни сме, но мора да кажам дека нашиот ривал за првото место и натаму е далеку пред нас. Мора игрите од домашен терен да ги прикажување и на гостувањата од каде неопходни се бодови“ – вели Ѓока, дополнувајќи дека е среќен за Бесарт Ибраими кој го собори рекордот во Првата лига на најмногу постигнати погодоци во историјата.

„Бесарт стигна до бројката од 167 гола во Првата лига и среќен сум за него, но и поради фактот дека имаме таков фудбалер во нашиот тим“.

Се вчитува...