Ѓока: Секако, не сум задоволен…, но мора да продолжиме во битката за титула

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока сосема очекувано не го криеше незадоволството од ремито без голови на гостувањето против Силекс во Кратово.

На тој начин дозволија Вардар да се издвои со 10 бода предност на врвот од табелата. Но, и покрај тоа Ѓока нагласува дека неговите фудбалери мора да продолжат со подигнати глави до крајот на првенството не откажувајќи се до крај за што подобри резултати.

„Секако, не сум задоволен од резултатот, затоа што наша задача е да победуваме на секој натпревар. Во Кратово имавме натпревар со две лица, лошо прво полувреме и одличен втор дел по кој заслуживме и победа. Во второто полувреме со влегувањето на Радески направивме промени во формацијата и пристапот на игра и бевме далеку подобри. Имавме иницијатива, шанси, но сепак не успеавме да постигнеме гол. Нема откажување, мора и понатаму да работиме напорно и со подигнати глави да го продолжиме првенството“ – истакна албанскиот стратег по вчерашниот дуел со Силекс.

Се вчитува...