Ѓока: Тетовското дерби секогаш е важно за Шкендија

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока, има причина за задоволство откако тетовци славеа на градското дерби против Ренова со 3-0, за 17. победа сезонава и зацврстување на чело на прволигашката табела.

Отпорот на „гипсарите“ беше скршен во второто полувреме кога Ибраими, Да Силва и Елези стрелаа прецизно, па Шкендија на седум кола до крајот има десет бода предност во однос на ривалите.

„Сите средби се важни, но овој дуел е посебен за нас бидејќи е градско дерби, па беше многу значајно да се стигне до триумф. Стигнавме до важни бодови, лигата се уште е „дива“ и секој може да победи секого, но ние одговоривме на предизвикот, особено во второто полувреме кога целосно го контролиравме мечот. Знам дека поседуваме квалитет, но многу е важно што научивме да бидеме трпеливи, не станавме нервозни иако на полувреме беше 0-0 и на крајот заслужено славевме“, изјави Ѓока.

Се вчитува...